Проектот опфаќа четири општини од Југозападниот регион во Македонија и регионот Корча во Албанија. Станува збор за занемарени рурални региони (руралниот дел на општините Охрид, Струга, Дебарца и Вевчани во Македонија и oкрузите Корча и Подградец во Албанија), каде постои интензивно раселување на млади луѓе и семејства кои заминале во урбаните средини и западните земји, во потрага по работни места.

Проектот ја поддржува економската обнова (преку алтернативните форми на туризмот како нова економска активност), создавање на работни места и развој на човечки ресурси. Освен широкиот опфат на регионот, дел од активностите на проектот го опфаќаат и прекуграничниот регион, со што се поттикнува прекуграничната соработка и создавањето бизнис мрежи.

Проектот започна на 15 април 2013 година, а ќе трае 20 месеци.

Општи цели на проектот се:

  1. Разновиден економски развој врз основа на можностите за туризам во областа Корча и Поградец во Албанија и Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани во Македонија.
  2. Зголемена прекугранична соработка на областите Корча и Поградец од Албанија со областите Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани од Македонија.

Специфична цел на проектот е:

  • Подобрен развој на туризмот во Корча и Поградец од Албанија и Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани од Македонија.

Резултати

Идентификувани и развиени локални производи за развој на туризмот

На почетокот, фокусот на проектот ќе биде да се идентификуваат вистински локалните туристички производи со потенцијал на пазарот. Ќе биде направено потемелно мапирање на теренот во кое ќе бидат вклучени засегнатите страни во секоја од општините. Потоа, ќе бидат селектирани производите со најголем потенцијал од двете страни на границата. Производите ќе бидат обмислени од различни аспекти, развиени и подготвени да бидат понудени на пазарот. При тоа ќе се води сметка да одговараат на потребите на целните групи, како на домашните, така и на странските.

Развиени капацитети за туризам

Вториот резултат се фокусира на подобрување на вештините на локалните актери во туризмот. Ова треба да им овозможи да ја искористат можноста што ја нуди туризмот и да осигури дека ги имаат сите информации потребни за нивните претприемачки потфати во туристичкиот бизнис. Вкупно 110 учесници ќе посетат обуки и работилници за односот кон туристите, за стандардите во туризмот, ќе посетат примери од кои ќе можат да црпат искуства од двете страни на границата со што ќе  можат да воспостават и комуникација за идна соработка итн.

Промоција на потенцијалите за туризам во регионот

Промоцијата е важен елемент во развивањето на секоја иницијатива што треба да се пласира на пазарот. Особено е значајна за туристичките производи од регионот. Промоцијата ќе биде прилагодена на секој од селектираните туристички производи како во поглед на целната група, така и во поглед на содржината. За тие потреби ќе бидат подготвени и испечатени брошури, мапи, видео спотови и докуметарен филм.

Подобрена инфраструктура

Малите инвестиции во областа на туристичката инфраструктура и животната средина се многу важни за развивањето на туризмот. Тие овозможат дооформување на дел од селектираните продукти. Имајќи предвид дека се видлив резултат на проектот тие ќе придонесат да се смени сликата за регионот, луѓето да почувствуваат дека туризмот може да биде нивната нова можност и нивниот нов бизнис.

Размена на најдобри практики

Со овој резултат ќе се обезбеди размена на научените лекции од другите слични иницијативи во прекуграничната област. Размената е во интерес на креаторите на локалната политика, деловни луѓе и граѓанскиот сектор. Сите можат да ги согледаат искуствата и да реплицираат некои од нив поврзани со економскиот развој и туризмот. Најмалку 25 учесници ќе бидат информирани за најдобри практики во регионот и ќе биде во можност да комуницираат и да ги споделат своите искуства и идеи за идниот развој на прекуграничниот регион.

Активности

Групирањето е направено според резултатите.

1.1. Организација на почетни настани – за одбележување на почетокот на проектот.
1.2. Мапирање и селекција на локални атрактивни (фамилијарни) туристички можности.
1.3. Развој на локални туристички понуди/производи.

2.1. Обука за клучните чинители.
2.2. Разменски посети – размена на искуства на претставници од двете земји.
2.3. Локална промоција на туризмот како економска алтернатива на жителите на регионот.

3.1. Промоција на туристички производи и регионот како туристичка дестинација – преку медиумите.
3.2. Промотивни посети на тур-операторите и новинари од двете земји.

4.1. Мали инфраструктурни подобрувања за туристичките целни подрачја.

5.1. Споделување на најдобрите практики – поврзани со економскиот развој на регионот.

Целна група

Целна група се претприемачи од семејни бизниси и мали и средни претпријатија од регионот на вклучените општини и окрузи. Жените претприемачи се преферирана целна група особено со оглед на патријархалната традиција која е се уште силна во регионот.

Директни корисници

Директни корисници се главно руралната популација во целната област. Вкупното население на македонската страна е околу 127.065, а на албанската страна 138.898 жители. Придобивките кои ќе можат да се почувствуваат на подолг рок ќе бидат: повисок приход, подобрување на целокупната економска ситуација, забавена миграција, оптимизам во врска со иднината на нивните заедници, подобрена околина и управување со животната средина.

Партнери

Водечки партнери во проектот се Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Партнерс Албанија. Партнер на МРФП е Локалната агенција за развој од Струга, а соработници се општините Струга и Вевчани.