Велосипедизам

Велосипедизмот е една од алтернативните форми на туризам. Велосипедистите по природата на нештата се една од целните групи на кои и се обраќаат дел од домаќините кои решиле да се занимаваат со алтернативен туризам. Местата кои се препознаени како пријатели на велосипедистите освен на гостите, им носат придобивки и на луѓето кои живеат во тие места. Привлекувањето туристи значи развој на локалната економија.

Во регионот на Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца има веќе одбележани велосипедски патеки. МРФП идентификуваше две атрактивни планински патеки: Охрид-Дебарца и Бела ди Супра, кои кога ќе се спојат се добива една целина со друмска патека за велосипеди. Патеката Охрид-Дебарца исто така може да се поврзе и со веќе одбележаните патеки во НП Галичица.

Со велосипедските патеки се предвидува една комплетна велосипедска понуда на регионот во потегот од Галичица до Јабланица, од Св.Наум до Ќафасан. Патеките поминуваат низ многу села и локации со културно-историско и религиозно значење што ќе им овозможи на туристите покрај живописната природа, да ги збогатат доживувањата.

Велосипедска патека Охрид-Дебарца-Охрид

Патеката Охрид-Дебарца-Охрид (Слика 1) ги опфаќа општина Охрид и општина Дебарца. Патеката е кружна со релација: Охрид-Лескоец-Косел-Куратица-Злести/Лешани-Велмеј-Белчишта-Ботун-Мешеишта-Требеништа-Горенци-Оровник-Подмоље-Охрид.

Делови од патеката се покриени со асфалт, чакал или само земја. Поминува низ рурален крај, поврзува села и области, широка е и овозможува користење теренско возило. Ова е средно тешка патека која бара добра здравствена состојба, добра физичка кондиција и добро познавање на планинарската техника. На самата патека се наоѓаат цркви, а ако посетата е во одреден период од годината можат да се посетат и дел од локалните настани (селски слави). Туристите можат да ја запознаат локалната традиција и култура, да уживаат во зачуваната автентична архитектура, да рибарат, да пробаат традиционални производи, органски земјоделски производи, локално подготвени јадења итн.

Велосипедска патека Бела ди Супра

Оваа патека ги опфаќа општините Струга и Вевчани. Патеката е кружна и поминува во погранична област со релација: Струга-Вевчани-Горна Белица-Вишни-Три Шилка-Мали Влај-Ќафасан-Радожда-Калишта-Струга.

Делови од патеката се покриени со асфалт, чакал или само земја. Должина на патеката: 56,9 km, а висинската разлика: 700 мнв – 1,620 мнв – 920 мнв. Патеката е рурална, поврзува села и области, широка е и овозможува користење теренско возило. Ова е средно тешка патека која бара добра здравствена состојба, добра физичка кондиција и добро познавање на планинарската техника. На самата патека се наоѓаат живописни пештерски цркви, излетничкото место Јанков камен и Вевчани со прочуените изворите и патеката до Св.Спас и Крстот. Освен тоа, велосипедистите поминуваат и низ рибарското село Радожда и манастирот во Калишта.

Друмска велосипедска патека Требеништа-Вевчани

Оваа патека ги опфаќа сите четири општини. Релацијата е: Требеништа-Волино-Ливада-Биџево-Ложани-Враништа-Долна Белица-Октиси-Вевчани.

Целата патека е асфалтирана. Должина на патеката: 23 км. Патеката е урбана, широка, добро подготвена и обележана, поврзува населени места, но поминува и низ природни области. Ова е рекреативна (патека достапна за сите возрасти и здравствени состојби, не бара планинарско искуство). На самата патека има можност за посета на Требенишко кале (археолошки локалитет), Ложани-Вранешта риболов на Црн Дрим и Вевчани со изворите и патеката до Св.Спас и Крстот.

Велосипедска патека Вевчани до Св.Спас (Горни)

Патеката е на територијата на општина Вевчани. Делови од патеката се покриени со асфалт, чакал се шумски пат. Должината на патеката е __ и поврзува села и области. Рурална е и широка со можност за користење теренско возило. Ова е средно тешка патека која бара добра здравствена состојба, добра физичка кондиција и добро познавање на планинарската техника. Истата може да се користи за јавање коњи и синергија со овој производ.