Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија во Охридско-струшкото поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 м, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 м. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот.
Охрид бил седиште на Охридската глаголска книжевна школа која ја вопоставиле учителот и епископ Климент и неговиот ученик Наум. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти – џамии и една католичка црква.